Home > Tesla > TESLA WD461MX Dishwasher

TESLA WD461MX Dishwasher

MK  
1°dH=1.25 ° fH=0.178mmol/l °Кларков=1.78  
Фабричко нагодување: H3. За информации во врска со тврдоста на водата која ја користите, контактирајте ги  
локалните надлежни органи.  
1) Секој циклус со опција за регенерација троши дополнителни 2 литри вода, потрошувачката на енергија  
се зголемува за 0,02 kWh, а програмата се продолжува за 4 минути.  
НАПОМЕНА!  
Доколку нема доволно сол во машината за перење садови, погледнете го одделот 3 „Сипење сол во  
омекнувачот“, кој се наоѓа во ДЕЛ I: Општо упатство.  
НАПОМЕНА!  
Ако Вашиот модел на уред нема опција за употреба на омекнувач на водата, овој дел може да го  
прескокнете.  
Omekšivač za vodu  
Тврдоста на водата варира од место до место. Ако при перењето садови во машината се користи тврда  
вода, на садовите и приборот ќе се формираат наслаги. Уредот е опремен со посебна преграда за  
омекнувач и има сад за сол, што е посебно дизајнирано за елимирање на бигорот и минералите од водата.  
Подготовка и распоредување на садовите во машината  
Водете сметка да купувате садови кои може да се перат во машина за перење садови.  
При перење одредени предмети, изберете програма со најмала можна температура.  
За да спречите оштетувања, немојте да ги вадите чашите и приборот за јадење од машината веднаш по  
завршување на програмата на перење.  
Следниот тип на прибор за јадење/садови  
не е погоден за перење:  
Прибор за јадење со дрвени, порцелански или седефни дршки  
Пластични предмети кои не се отпорни на високи температури  
Постар прибор за јадење со залепени делови кои не се отпорни на високи температури  
Лепен прибор за јадење или садови  
Садови од легури на калај и олово или од бакар  
Кристални чаши  
Садови од челик подложен на ‘рѓосување  
Дрвени овални садови  
Садови од синтетички влакна  
е делумно погоден за перење:  
Некои видови чаши после поголем број циклуси на перење може да го изгубат сјајот  
Деловите од сребро и алуминиум обично ја менуваат бојата во тек на перењето  
Доколку често се перат во машина, глазираните елементи може да потемнат  
Препораки за распоредување на садовите во машината  
Отстранете ги крупните парчиња преостаната храна. Омекнете ги остатоците од загорена храна во тавите.  
Не е неопходно да ги исплакнете садовите со проточна вода. За најдобра ефикасност на машината за  
перење садови, следете ги следните насоки за распоредување на садовите во машината.  
(Карактеристиките и изгледот на корпите може да се разликува од корпите во Вашиот модел.)  
Предметите распоредете ги во машината за перење садови на следниот начин:  
Садовите како шолји, чаши, тенџериња, тави итн. поставете ги во обратна положба.  
Закривените садови и садовите со непристапни делови треба да се постават дијагонално, со цел водата  
непрекинато да се слева.  
Комплетниот прибор треба да се постави така што ќе биде стабилен и нема да се преврти.  
Kомплетниот прибор треба да биде поставен така што рачката на прскалката ќе може слободно да се движи.  
Шупливите садови како шолји, чаши, тави итн. поставете ги така што отворот ќе биде свртен кон долу, за  
водата да не се собира во садот или длабокото дно.  
Садовите и приборот за јадење не смее да се поставуваат едни до други и да се попречуваат едни со други.  
За да избегнете оштетување на чашите, водете сметка да не се допираат меѓусебно.  
Горната корпа е предвидена за поделикатни и полесни садови, од типот на чаши и шолји за кафе и чај.  
Ножевите со долги сечила поставени во исправена положба претставуваат потенцијална опасност!  
177  
GeneralDetails
NameTESLA WD461MX Dishwasher
MakeTesla
LanguageEnglish
FiletypePDF (Download)
File size31.94 MB
Download PDF
1 Star2 Stars3 Stars4 Stars5 Stars (1 votes, average: 5.00 out of 5)
Loading...
TESLA WDI661M Dishwasher
TESLA WDI661M Dishwasher
TESLA WD690MW Dishwasher
TESLA WD690MW Dishwasher
TESLA WDI461M Dishwasher
TESLA WDI461M Dishwasher

TESLA WD461MX Dishwasher